• среда, 25 декември 2024

Лидерката на БСП ја отфрли можноста за постизборна коалиција со ГЕРБ

Лидерката на БСП ја отфрли можноста за постизборна коалиција со ГЕРБ
Софија, 13 февруари 2021 (МИА) - Лидерката на Бугарската социјалистичка партија ( БСП) Корнелија Нинова денеска изјави дека нејзината партија, по претстојните парламентарни избори на 4 април, нема да коалицира со владејачката партија на премиерот Бојко Борисов, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), јави дописникот на МИА од Софија. Таа претходно најави дека ќе спроведе анкета во БСП за формирање коалиција со ГЕРБ, но оти е сигурна дека 99,99 проценти од членовите и приврзаниците ќе се изјаснат „никогаш коалиција со ГЕРБ. Нинова гласините дека БСП ќе формира постизборна коалиција со партијата на премиерот Борисов е манипулација. - Гледам голема манипулација и лага од различни луѓе со различни верувања во последно време, потикнати од мојот говор пред Централната изборна комисија (ЦИК). Тогаш кажав дека ќе формираме постизборни коалиции по спроведена анкета. Очекував овие луѓе да реагираат попаметно. Што се случува? Тие веднаш ги искористија овие зборови дека ако ги прашаме членовите и приврзаниците, тогаш се договоривме со ГЕРБ. Кој се плаши од оваа реченица? Кој се плаши од тоа да ги прашаме членовите на партијата?, истакна Нинова. Таа додаде дека некои луѓе се уплашиле од консултациите со членовите и приврзаниците на БСП. Нинова истакна и оти не е навредена од вонпарламентарните партии што не прифатија коалиција со БСП. нк/ми

Остани поврзан