• четврток, 26 декември 2024

Лидерите на ЕУ се согласија да продолжат да работат на ковид-пасошите

Лидерите на ЕУ се согласија да продолжат да работат на ковид-пасошите
Брисел, 26 февруари 2021 (МИА) - Лидерите на Европска Унија синоќа се согласија да продолжат работат на сертификати за вакцините, со кои би се овозможил туризмот оваа лето. Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашниот Самит на ЕУ истакна дека техничката работа на така наречените ковид-пасоши би требало да заврши до лето, а некои земји, вклучително Франција и Белгија изразија загриженост дека олеснетото патување за вакцинираните луѓе би ги дискриминирало другите. Лидерите на 27 земји-членки на Унијата потврдија дека ќе ги задржат „цврстите ограничувања“ на јавниот живот и слободното движење поради појавата на новите видови на вирусот. - Мораме да се подготвиме дека ќе мораме континуирано да се вакцинираме подолг временски период поради новите видови на коронавирусот, посочи Меркел. Исто така и претседателот на Франција, Емануел Макрон наведе дека ЕУ „долгорочно ќе мора да живее со овој вирус“. Премиерот на Италија, Марио Драги побара поостар став на ЕУ кон фармацевтските компании кои доцнат во испораката на вакцини против Ковид-19. Додека претседавачот со Самитот на ЕУ и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел побара „поголема предвидливост и транспарентност“ од фармацевтските компании кои не ги испорачаа договорените количини вакцини, поради што не може да се реализира целта - вакцинирање на 70 отсто од возрасното население до крајот на летото во ЕУ. Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изрази уверување дека е можно постигнување на таквата цел. ми/

Остани поврзан