• четврток, 26 декември 2024

Лидерите на Г-7 се согласија да ја укинат државната помош за електраните на јаглен

Лидерите на Г-7 се согласија да ја укинат државната помош за електраните на јаглен
Лондон, 13 јуни 2021 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека лидерите на земјите-членки на Г-7 се согласија да се укине државната помош за електраните на јаглен. Лидерите постигнаа согласност по апелот на британскиот еколог Дејвид Атенборо да се покаже „глобална волја“ во борба против климатските промени. Атенборо во своето видео обраќање на Самитот на Г-7 потенцира дека климатските промени се политички и научен предизвик. - Имаме знаење и вештини да тоа го решиме на време, само ни треба волја на светско ниво, истакна Атенборо. Претходно западните медиуми објавија дека лидерите на Г-7 се согласија да го зголемат финансирањето и ги повика и другите развиени земји да се приклучат во борбата против климатските промени. - Ја потврдуваме колективната цел на развиените земји да работат заедно за да обезбедат 100 милијарди долари годишно до 2025 година од јавни и приватни извори, во контекст на суштинско дејствување и транспарентност, се наведува во декларацијата од тридневниот Самит на Г-7 во Корнвол. Сите земји-членки на Г-7 се обврзаа дека до 2050 година ќе постигнат нула емисии на јаглерод, но според голем број еколози тоа ќе биде предоцна. ми/

Остани поврзан