• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани на Пролетниот конгрес на европската либерална младина

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани на Пролетниот конгрес на европската либерална младина

8 април 2025

Со 98% од гласовите на присутните на Пролетниот конгрес на европската либерална младина, одржан во Загреб, е поддржана Резолуцијата за трагедијата во Кочани, поднесена од македонската Либерално-демократска младина (ЛиДеМ).

Делегатите на конгресот, кој оваа година се одржа во Загреб од 4 до 6 април и е во организација на Европската либерална младина (LYMEC), со гласањето „ЗА“ резолуцијата на ЛиДеМ, упатија апел за мирни и достоинствени протести, со должна почит кон настраданите, слободни од политичко влијание и притисок, како и за транспарентна истрага иодговорност од сите засегнати страни.

ЛиДеМ во својата Резолуција повикува и на подигнување на тн. „Парк на Корупција“ на местото каде што беше ноќниот клуб „Пулс“, како потсетник за цената која што ја плаќаме кога корупцијата и небрежноста излегуваат од контрола.

Либерално-демократската младина, како подносител на оваа Резолуција, изразува искрено сочувство до фамилиите на жртвите и нивните најблиски и им посакува побрзо закрепнување на повредените.

Воедно, ЛиДеМ упати и искрена благодарност до либералните пријатели низ Европа, кои ја препознаа важноста на оваа резолуција и ја дадоа својата поддршка во клучните моменти.

Либерално демократска младина

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан