• вторник, 24 декември 2024

Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк

Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк

 

Плоцк, 17 октомври 2024 (МИА) – Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва на гостувањето во полски Плоцк загубија од домаќинот Висла со 26-18 (13-11) во рамки на 5 коло во групата А.

Македонскиот ракометен првак лошо го отвори натпреварот во Орлен Арена, дозволувајќи му на полскиот тим на средина од првото полувреме да поведе со високи 9-2.

До крајот на првиот дел Еурофарм Пелистер постепено ги консолидираше своите редови и на полувреме замина со негатива од два гола разлика.

Сепак, Еурофарм Пелистер лошо го отвори и второто полувреме и Висла со серија од 4-1 поведе со 17-12, а во 45 минута ја зголеми предноста на недостижни +8 (23-15).

Кузмановски со пет и Борзаш со четири голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Плоцк.

Еурофарм Пелистер со еден освоен бод сега е претпоследен на табелата пред гостувањето на крајот на октомври на норвешка Фредериција која е на последното место со пет порази во исто толку натпревари. ег

ФОТО: Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан