Лига Европа: Само на еден натпревар постигнати три голови
- На осумте први натпревари од осминафиналето во Лигата Европа синоќа на седум дуели беа постигнати од еден до два гола, а единствено три имаше на натпреварот меѓу Штутгарт и Порто
Штутгарт, 13.март 2026 (МИА) – На осумте први натпревари од осминафиналето во Лигата Европа синоќа на седум дуели беа постигнати од еден до два гола, а единствено три имаше на натпреварот меѓу Штутгарт и Порто. Гостите беа поуспешни откако во период од седум минути постигнаа два гола.
Резултати на првите осмина финални дуели:
Болоња – Рома 1:1
Лил – Астон Вила 0:1
Панатинаикос – Реал Бетис 1:0
Штутгарт – Порто 1:2
Селта – Олимпик Лион 1:1
Ференцварош – Брага 2:0
Генк – Фрајбург 1:0
Нотингем Форест – Митјиланд 0:1
Реванш натпреварите се играат на 19.март. мн/
Фото: ЕПА