• среда, 18 декември 2024

Ливерпул се договори со Мамардашвили, се отвора место за Димитриевски

Ливерпул се договори со Мамардашвили, се отвора место за Димитриевски

Ливерпул, 14 август 2024 (МИА) - Ливерпул постигна договор за условите на голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, 23-годишниот голман на грузиската репрезентација е подготвен да се пресели во таборот на „Црвените од Енфилд“, дури и ако треба да ги помине следните сезони на позајмица во други клубови. 

Забележано е дека Ливерпул се уште не се договорил за трансферот со Валенсија.

Мамардашвили игра за Валенсија од јануари 2022 година. За шпанскиот тим одигра 100 натпревари, прими 112 гола и ја зачува 31 пат мрежата „чиста“.

Со евентуалното заминување на Мамардашвили, во Валенсија се отвора можност македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски да биде прв голман. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан