• среда, 25 декември 2024

Ливерпул размислува за Аморим и Нагелсман како замена за Клоп

Ливерпул размислува за Аморим и Нагелсман како замена за Клоп

Ливерпул, 25 февруари 2024 (МИА) – Премиерлигашот Ливерпул ги разгледува кандидатурите на Рубен Аморим и Јулијан Нагелсман за функцијата нов шеф на стручниот штаб, тврди „Телеграф“.

Според британскиот весник, Мерсисајдерите ќе се обидат да ангажираат еден од овие два фудбалски стручњаци доколку не можат да се договорат со поранешниот играч за врска на тимот Чаби Алонсо, кој моментално е на чело на Баер Леверкузен.

Актуелниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Рубен Аморим е на чело на Спортинг, додека Јулијан Нагелсман е селектор на германската репрезентација. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан