• четврток, 26 декември 2024

Ливерпул преговара за нов договор со Вајналдум

Ливерпул преговара за нов договор со Вајналдум
Рик, 24 јули 2020 (МИА) - Ливерпул е во преговори со играчот од средниот ред Џорџино Вајналдум. Оваа информација ја соопшти италијанскиот новинар Фабрицио Романо преку својот Твитер. Дваесет и деветгодишниот Холанѓанец имаше 46 настапи за Ливерпул во сезоната 2019/20 и постигна шест гола. Неговиот договор со „црвените“ истекува на 30 јуни 2021 година. Новинарот ги потврдува и информациите за трансферот на Дејан Ловрен во Зенит. Се посочува дека рускиот клуб ќе плати 12 милиони евра на Ливерпул за дефанзивецот. зс/

Остани поврзан