• недела, 01 септември 2024

Ливерпул понуди 50 милиони фунти за Демирал од Јувентус

Ливерпул понуди 50 милиони фунти за Демирал од Јувентус
Истанбул, 1 февруари 2021 (МИА) – Актуелниот англиски шампион Ливерпул доставил понуда до Јувентус за трансфер на централниот бек Мерих Демирал, објави турскиот портал „Фанатик“. Според изворот, англискиот клуб понудил 50 милиони фунти (приближно 57 милиони евра) за 22-годишниот Турчин. Јувентус ја одбил оваа понуда. Претходно, медиумите известуваа за обидите на Ливерпул да ангажира други централни дефанзивци, бидејќи Вирџил ван Дијк, Џо Гомез, Жоел Матип и Фабињо се повредени. Демирал дојде во Јувентус летото 2019 година за 18 милиони евра од Сасуоло. Оваа сезона, фудбалерот забележа две 2 асистенции на 14 натпревари за италијанскиот клуб. зс/

Остани поврзан