• сабота, 16 ноември 2024

Ливерпул не се откажува: Понуда за Трент со која ќе стане најплатен играч во Премиер лигата

Ливерпул не се откажува: Понуда за Трент со која ќе стане најплатен играч во Премиер лигата

Ливерпул, 15 ноември 2024 (МИА) - Медиумите на Островот и во Шпанија со месеци шпекулираат дека Трент Александер-Арнолд ќе биде нов играч на Реал Мадрид, но од Ливерпул мирно ја следеа ситуацијата и, како што пишуваат истите тие медиуми, одговорија како што само тие знаат - на англискиот репрезентативец му понудија договор според кој ќе биде најплатениот играч во Премиер лигата! Во превод, повеќе од 400.000 фунти неделно, колку што заработува Кевин Де Бруин во Сити.

Останува да се види веродостојноста на оваа информација, но не е невозможно Ливерпул да го искористи истиот рецепт за Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах, уште двајца играчи на кои договорите, исто како и на Англичанецот, им истекува на крајот на сезоната.

Познато е колку Ливерпул се грижи за традицијата и нејзините деца. Арнолд е локално момче, од 2016 година одигра 325 натпревари за „црвените“, со 19 гола и 83 асистенции, миленик е на навивачите и некој кој доколку остане ќе ја има капитенската лента во иднина.

Англиските медиуми веруваат дека Арнолд или ќе го продолжи договорот со Ливерпул до крајот на оваа година или дефинитивно ќе потпише за нов клуб во јануари. Добро е познато кој е фаворит за неговите иницијали. дс

Фото: Архива

Остани поврзан