• среда, 25 декември 2024

Ливерпул има намера да го продолжи договорот со Конате

Ливерпул има намера да го продолжи договорот со Конате

Ливерпул, 7 октомври 2024 (МИА) – Управата на Ливерпул почна преговори со одбранбениот фудбалер Ибрахима Конате за нов договор, објави новинарот Фабрицио Романо.

Премиерлигашот го гледа 25-годишниот Французин како еден од клучните фудбалери на тимот и сака да го задржи.

Конате игра за Ливерпул од јули 2021 година. Во тековната сезона постигна два гола и направи една асистенција на девет натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Договорот на Конате со Ливерпул е до крајот на јуни 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан