• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ливерпул загуби од Фулам и го претрпе вториот пораз во оваа сезона во Премиер лигата

Ливерпул загуби од Фулам и го претрпе вториот пораз во оваа сезона во Премиер лигата

Лондон, 6 април 2025 (МИА) - Ливерпул загуби на гостувањето кај Фулам во денешниот натпревар од 31. коло на Премиер лигата со 3:2.

Стрелци на головите за лондончани беа Рајан Сесењон (23. минута), Алекс Ивоби (32.) и Родриго Муниз (37.).

Алексис Мекалистер (14.) и Луис Дијаз (72.) погодија за „Црвените“.

Ливерпул (73 бода) го претрпе вториот пораз во оваа сезона во Премиер лигата и останува лидер во поредокот. 

Фулам со 48 се искачи на осмото место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан