• среда, 25 декември 2024

Ливерпул две недели без повредениот Жота

Ливерпул две недели без повредениот Жота

 

Ливерпул, 23 април 2024 (МИА) – Претендентот за титулата во англиското првенство Ливерпул во следните две недели ќе биде без напаѓачот Диого Жота, кој ќе отсуствува од теренот поради контузија.

Ова денеска го соопшти тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на прес-конференцијата пред претстојното градско дерби против Евертон.

Португалскиот репрезентативец изминатиот викенд забележа гол и асистенција во победата над Фулам од 3:1.

Жота пропушти поголем дел од сезоната поради различни повреди, а пред неполни две недели се врати во игра по долготраен третман од контузија на коленото.

По 33 одиграни натпревари, Ливерпул со по 74 бодови го дели првото место на табелата со Арсенал. Актуелниот шампион Манчестер Сити е трет со 73 бода, но и натпревар помалку. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан