Ливерпул бара одложување на полуфиналето на Лига купот против Арсенал поради коронавирус
- Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот.
![Ливерпул бара одложување на полуфиналето на Лига купот против Арсенал поради коронавирус](https://new.mia.mk/index.php/images/20221112022313_big_730x400_91.webp )
Лондон, 4 јануари 2022 (МИА) - Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот.
Се посочува дека клубот смета дека е неопходно да се одложи натпреварот поради неколку случаи на инфекција и повреди.
Исто така и денешниот тренинг на „црвените“ од Енфилд е откажан.
Натпреварот Арсенал - Ливерпул треба да се одигра на 6 јануари со почеток во 22:45 часот. зс/