• четврток, 26 декември 2024

ЛИБОР заминува во историјата, централните банки треба да се подготват

ЛИБОР заминува во историјата, централните банки треба да се подготват
Лондон, 8 март 2021 (МИА) - Британскиот финансиски регулатор (ФЦА) потсети дека отчукува часовникот на Лондонската меѓубанкарска каматна стапка на крајот на 2021 година и ги повика пазарите да го забрзаат трансферот на договори, вреден 260 милијарди долари ширум светот, кон каматните стапки составени од централните банки. Укинувањето на ЛИБОР доаѓа по милијарди долари казни изречени на заемодавачите поради обид за фиксирање на оваа каматна стапка, која некогаш се сметаше за водечки репер во светот за утврдување на цените на широк спектар на државни хартии од вредност, цените на кредитирање на компаниите до цените на задолжување на кредитните картички. ФЦА објави дека на 31 декември годинава ќе престане пресметувањето и обелоденувањето на вредностите на ЛИБОР за договори во британски фунти, евра, швајцарски франци, јапонски јени и американски долари и од јануари 2022 година банките повеќе нема да бидат обврзани да испраќаат податоци за пресметка на овие камати. Наместо ЛИБОР, регулаторите препорачуваат стапката на депозитите преку ноќ да се користи како основа за пресметување на каматите на меѓубанкарските заеми. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан