• среда, 27 ноември 2024

Либија е најголем производител на нафта во Африка

Либија е најголем производител на нафта во Африка

Триполи, 12 април 2024 (МИА) – Либија и покрај тензичната политичка ситуација е најголемиот производител на нафта во Африка. Либија во март произвела 1.236 милиони барели нафта дневно, со што ја надмина Нигерија.

Либија во март произведувала нафта за 5,4 отсто повеќе во споредба со февруари (1.173 милиони барели дневно) од пустинските нафтени наоѓалишта на југот на земјата и во крајбрежните води на Медитеранот.

Во најновиот извештај на ОПЕК се истакнува дека Нигерија во март забележа пад на производството на нафта од 6,8 проценти на околу 1,23 милиони барели дневно, додека во февруари произведуваше 1,32 милиони барели дневно. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан