• среда, 25 март 2026

Либански медиуми: Израел погоди станбена зграда во центарот на Бејрут

Либански медиуми: Израел погоди станбена зграда во центарот на Бејрут

Бејрут, 11 март 2026 (МИА) - Израелските напади погодија станбена зграда во центарот на Бејрут во среда, објавија либанските медиуми, што е втор напад врз градот во последните денови.

Израелската војска сè уште не даде коментар и нема извештаи за жртви.

Во нападот во Бејрут во неделата загинаа петмина припадници на Иранската исламска револуционерна гарда.

Либан е вовлечен подлабоко во регионалниот конфликт откако Хезболах, поддржан од Иран, отвори оган врз Израел, велејќи дека тоа е одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран.

Израел оттогаш изврши воздушни напади низ јужен и источен Либан и во јужните предградија на Бејрут.

Израелската војска уби речиси 500 луѓе во нападите, вклучувајќи повеќе од 80 деца, според либанското Министерство за здравство. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан