• недела, 28 јули 2024

Либански медиуми: Израелска граната погоди предградие во јужен Либан

Либански медиуми: Израелска граната погоди предградие во јужен Либан

Бејрут, 28 ноември 2023 (МИА) - Либанските медиуми објавија дека за време на израелското гранатирање денеска, граната погодила предградие на град во јужен Либан.

Како што пренесуваат агенциите, ова доаѓа неколку часа откако привременото примирје меѓу Израел и палестинското движење Хамас беше продолжено за два дена. Портпаролот на израелската армија изјави дека „во моментов не знае за таков инцидент“.

Националната новинска агенција на Либан (ННА) и либанската телевизија Ал-Џадид објавија дека израелска граната утринава оштетила населба на градот Аита ал Шааб.

По неколкунеделниот оган меѓу Израел и либанската шиитска група Хезболах, огнот беше привремено прекинат во петокот кога палестинската исламистичка група Хамас, сојузник на Хезболах, и израелските воени сили постигнаа привремено примирје во текот на нивниот конфликт што избувна со ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври.

Портпаролот на мировните сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) изјави дека ја истражуваат информацијата. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан