• сабота, 23 ноември 2024

Либанскиот премиер со недели нема никаков контакт со Хезболах

Либанскиот премиер со недели нема никаков контакт со Хезболах

Бејрут, 21 октомври 2024 (МИА) – Привремениот либански премиер, Наџиб Микати, вели дека нема контакт со претставници на Хезболах со недели, иако милицијата постави двајца министри во кабинетот и има 13 претставници во либанскиот парламент.

- Нема комуникација со Хезболах од средината на минатиот месец, изјави Микати за Ал Арабија. Тој не откри како комуницирал со шиитската организација поддржана од Иран во минатото.

Изјавата на Микати покажува дека лидерите на Хезболах се внимателни и го ограничуваат контактот со другите откако Израел почна да ги проширува воените операции во Либан пред неколку недели, пренесе ДПА.

Се смета дека лидерите на Хезболах често ја менуваат својата локација по убиството на лидерот Хасан Насралах и другите високи команданти.

Хезболах игра голема улога во либанскиот јавен живот, освен воените активности. Обезбедува социјални услуги, вклучувајќи училишта и болници. Милитантната организација влезе и во коалиции со други партии. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан