• среда, 25 декември 2024

Либанскиот премиер негираше дека САД побарале едностран прекин на огнот, дециден дека Израел не сака примирје

Либанскиот премиер негираше дека САД побарале едностран прекин на огнот, дециден дека Израел не сака примирје

Бејрут, 1 ноември 2024 (МИА) – Либанскиот технички премиер, Наџиб Микати, денеска ги негираше тврдењата дека САД побарале од Либан да прогласи едностран прекин на огнот.

Според него, позицијата на владата е јасна во однос на барањето прекин на огнот од двете страни и спроведувањето на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, со која заврши претходниот конфликт меѓу Хезболах и Израел во 2006 година, јавија британските медиуми.

Изјавата на Микати доаѓа откако се пренесоа гласини дека американскиот претставник повикал на прекин на огнот за да ги охрабри разговорите за ставање крај на конфликтот.

Либанскиот премиер воедно го критикуваше израелското „проширување“ на нападите врз неговата земја, велејќи дека тие укажуваат на отфрлање на напорите за постигнување примирје по повеќе од еден месец војна, пренесуваатг француските меидуми.

-Повторното ширење на израелскиот непријател во опсегот на неговата агресија врз либанските региони, неговите повторени закани до населението за евакуација на цели градови и села и неговото обновено гаѓање на јужните предградија на Бејрут со деструктивни напади, се показателите кои го потврдуваат израелското одбивање на сите напори за прекин на огнот, рече Микати по најновите напади во текот на ноќта врз јужните предградија на Бејрут.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан