• среда, 25 декември 2024

Либанскиот здравствен сектор тешко погоден во војната со Израел

Либанскиот здравствен сектор тешко погоден во војната со Израел

Бејрут, 25 октомври 2024 (МИА) – Вкупно 163 спасувачи и здравствени работници се убиени досега во израелските напади во Либан, соопшти денеска либанското Министерство за здравство.

Повредени се вкупно 272 други спасувачи и вработени, додаде Министерството, пренесе ДПА.

Откако почнаа борбите меѓу Хезболах и израелската војска пред повеќе од една година, осум болници и над 100 други центри за медицинска нега мораа да престанат со работа поради израелските напади.

Според Светската здравствена организација, тоа одговара на околу една третина од сите здравствени установи во земјата.

Уште пред да почнат борбите, здравствениот сектор во Либан беше под огромен притисок. Медитеранската земја е во најтешката економска криза во својата историја од 2019 година.

Според Министерството за здравство, околу 30 отсто од лекарите и медицинските сестри веќе ја напуштиле земјата поради кризата. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан