Либанската армија врши контролирани детонации на израелски бомби
- Либанската армија денеска ќе изврши контролирани детонации на бомби кои не експлодираа во израелските напади врз земјата, објавија либанските медиуми.
Бејрут, 21 декември 2024 (МИА) - Либанската армија денеска ќе изврши контролирани детонации на бомби кои не експлодираа во израелските напади врз земјата, објавија либанските медиуми.
Детонациите ќе бидат извршени во западниот дел на долината Бека, општината Бинт Џбаил и во Тир, кои често беа напаѓани од силите на ИД пред примирјето со либанскиот Хезболах.
Израелската војска го започна процесот на повлекување од јужен Либан и предавање на контролата на либанската армија откако примирјето стапи на сила кон крајот на ноември. мс/
фото: ЕПА