• среда, 25 декември 2024

ЛЕ: Севиља ги скроти „волците“ со доцен гол, Шахтјор лесно против Базел

ЛЕ: Севиља ги скроти „волците“ со доцен гол, Шахтјор лесно против Базел
Дуисбург, 11 август 2020 (МИА) - Рекордерот по бројот на титули во Лигата на Европа, Севиља, се пласираше во полуфиналето на годинашното издание на турнирот. Пулените на Хулен Лопетеги остварија тешка победа од 1-0 над Вулверхемптон во судирот меѓу двете екипи од четвртфиналето во Дуисбург. Андалузијците покажаа подобра игра, но мораа да почекаат до 88-та минута за да дојдат до успех. Ова се случи по гол на Лукас Окампос. „Волците“, исто така, имаат за што да жалат, бидејќи тие добро го започнаа натпреварот и во 11-та минута добија пенал, но Раул Хименез го промаши. После тоа, сепак, Шпанците беа подобриот тим на теренот и заслужено успеаја да се пласираат во следната фаза и да договорат средба со Манчестер Јунајтед. Украинскиот гигант Шахтјор Доњецк пак го совлада швајцарски Базел со 4: 1 и напредуваше во полуфиналето на Лигата на Европа. Противникот на Шахтјор во спорот за последното место ќе биде еден од фаворитите за освојување на трофејот - италијански Интер, кој го елиминираше Баер Леверкузен во понеделникот вечерта. На стадионот во Гелзенкирхен, украинскиот тим не остави сомнеж во својата супериорност од првата минута. Резултатот во корист на Шахтјор го отвори Жуниор Мораес само по 100 секунди игра. Во 22-та минута Тајсон удвои. Патрик во 75-тата го направи резултатот 3: 0 од пенал, додека во 88-та минута Додо зголеми на 4:0. Во дополнителното време, Базел стигна до почесен гол преку Ван Волфсфинкел.

Тагови

Остани поврзан