• вторник, 24 декември 2024

Ле Пен го порази Макрон, екстремната десница победи на изборите во Франција

Ле Пен го порази Макрон, екстремната десница победи на изборите во Франција

Париз, 9 јуни 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон претрпе тежок пораз на денешните европски избори од лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, чија победа ги зголемува нејзините шанси на претседателските избори во 2027 година.

Националниот фронт на Ле Пен освои околу 32 отсто од гласовите, десет повеќе отколку на претходните европски избори во 2019 година и 17 отсто повеќе од партијата на Макрон, покажуваат излезните анкети. Социјалистите освоија 14 проценти од гласовите, објавија телевизиите Франс 2 и ТФ1 по затворањето на гласачките места.

Претворено во мандати, Националниот фронт на Марин Ле Пен добива 31, Ренесанса на Макрон 14, а социјалистите 13.

Ле Пен и нејзиниот водечки кандидат, сè попопуларниот 28-годишен Жордан Бардела, ги гледаат европските избори како референдум за владеењето на Макрон, кое е нарушено со проблеми со имиграцијата и криминалот и двегодишна инфлациска криза.

Победата на Ле Пен ќе го ослаби владеењето на Макрон три години пред крајот на неговиот втор и последен мандат и може да предизвика предвремени национални избори.са/

Фото: ЕПА

Остани поврзан