• вторник, 24 декември 2024

ЛЕ: Леверкузен ја сруши Рома на „Олимпико“, Аталанта ремизираше на „Велодром“

ЛЕ: Леверкузен ја сруши Рома на „Олимпико“, Аталанта ремизираше на „Велодром“

Рим, 2 мај 2024 (МИА) - Екипата на Баер Леверкузен направи сериозен чекор кон финалето на Лига Европа. „Аспирините“ ја совлада Рома со 2:0 како гостин во првиот полуфинален натпревар меѓу двата тима.

Флоријан Вирц ги доведе „аспирините“ во водство со гол во 28. минута, а конечниот резултат го оформи Роберт Андрич со прекрасен гол во вториот дел.

Така избраниците на Чаби Алонсо имаат солидно водство пред реваншот во Германија на 9 мај.

Екипите на Марсеј и Аталанта одиграа со резултат 1:1 во првиот полуфинален натпревар меѓу двата тима. Така, исходот останува за реваншот кој ќе се одигра на 9 мај во Бергамо.

Двата гола на натпреварот беа постигнати во првото полувреме. Во 11. минута Копмајнерс нафрли на Џанлука Скамака, а напаѓачот со удар во долниот лев агол го совлада противничкиот голман.

Во 20. минута Кондогбија го пронајде Шансел Мбема кој постигна одличен гол со удар од далечина. Топката удри и во левата странична статива пред да заврши во мрежата на италијанците.

Во вториот дел немаше голови и натпреварот заврши нерешено. дс

Фото: УЕФА

Остани поврзан