• четврток, 26 декември 2024

Лефков: ЈО да отвори постапка и да ги истражи фактите за аферата Броило

Лефков: ЈО да отвори постапка и да ги истражи фактите за аферата Броило
Скопје, 13 октомври 2022 ЈО да отвори постапка, дали Ковачевски е дел од злосторничко здружение во соларниот картел тежок 26 милиони евра? ЈО не смее да ги игнорира фактите кои говорат дека премиерот е во центарот на аферата Броило, во која откако е СДС на власт се свртени 26 милиони евра. ЈО мора да отвори постапка и да ги истражи фактите. А фактите се: Ковачевски со кумот Паунов ја основа Пиксел груп, 5 месеци откако СДС доаѓа на власт во 2017 година. За само година дена тие отвораат фабрика за производство на фотоволтаични панели. Во целиот период од 2019 до 2021 година Пиксел груп зема државна помош. Скоро половина милион евра од владата, и над 70 илјади евра од ФИТР. Во половина од времето Ковачевски е или заменик министер или мандатар за состав на нова влада. Најголемата сума на државна помош, од над 200 илјади евра фирмата добива ден откако Ковачевски е избран за мандатар. Во целиот период од 2018 до 2022 година кумот на Ковачевски, со кој се основачи на Пиксел груп, преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар зема скоро 2 милиони евра државни тендери. Тендерите се за поставување на фотоволтаични панели. Тие монтираат, Пиксел груп произведува. Целиот случај се повеќе наликува на злосторничко здружение кога во 2021 година, додека Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот склучува договор за испорака и монтирање на фотоволтаични панели во вредност од над 2 милиони евра. Соларниот картел зазема сегашни димензии, кога Ковачевски станува премиер. Четири месеци откако Ковачевски седнува на премиерската фотелја во Бугарија се формира фирма Солар Хорајзон, истата фирма во август месец оваа година заедно со Пиксел груп основана од Ковачевски отпочнува со инвестиција во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра. Во ТИРЗ Тетово, како и во сите други индустриски зони важат посебни ослободувања. А според написите во медиумите, фирмата основана од Ковачевски ќе преговара и за државна помош. ЈО да не чека. Фактите се изнеси во јавноста и секој може да ги цени, а тие да постапат согласно закон и да утврдат одговорност.   Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан