• недела, 24 ноември 2024

Лефков: Прославата за Рамковен е приватна забава на ДУИ и не придонесува за подобар живот ниту на Албанците, ниту на Македонците

Лефков: Прославата за Рамковен е приватна забава на ДУИ и не придонесува за подобар живот ниту на Албанците, ниту на Македонците

Скопје, 13 август 2022

Рамковниот договор овозможи мир, но она што не можеше да го предвиди Рамковниот договор е криминалот на ДУИ кој се случи потоа. 20 години една иста политичка елита го краде сопствениот народ. Денес гледаме дека Албанците подеднакво живеат несреќно како и Македонците, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со прославата и трошоците за Рамковен договор во кризни времиња.

- Македонија има Рамковен договор ама нема европска иднина. Има рамковен договор ама Тетово нема вода за пиење, Арачиново канализација. Македонија има рамковен договор ама младите Албанци и Македонци се иселуваат. Тоа е поразот на оваа власт. Ако тргнеме од ова нема простор за славје туку за одговорност, истакна тој.

Кога станува збор за прославата која ќе чини стотици илјади евра, Лефков посочи дека прославата која е приватна на ДУИ не ја чувствува како своја ниту Албанците ниту Македонците.

- Тоа е прослава на ДУИ во пресрет на изборите во Тетово. И никако приватните журки на Груби нема да донесат подобар живот. Оваа прослава каде што ќе бидат потрошени стотици илјади евра ќе ја организира фирма која е милионски донатор на ДУИ изминативе години, фирма се занимава се од печатење на свидетелства кои воедно се уште ги нема, печатење на книги, се до гледаме до организатор на партиски забави како оваа. Партиските забави на ДУИ и Груби нема да придонесат за подобар живот, нагласи Лефков.

Лефков: Секојдневно добиваме потврда од бугарски политичари за националните предавства во капитулантскиот Протокол потпишан од страна на владата на Ковачевски

Последните изјави кои доаѓаат од Софија ги демантираат манипулациите и лагите на Ковачевски и неговата влада. Катадневно пристигаат бугарски шамари за владата на Ковачевски.

Имено т.н. Француски предлог што Ковачевски сакаше да го прикаже како големо достигнување на дипломатија всушност е голем дебакл за Македонија, а последна потврда за тоа е изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова која изјави дека Францускиот предлог е голем дипломатски успех за Бугарија и дека преку преговарачката рамка за Македонија се внесени бугарските позиции за што им се заблагодари на европските лидери за разбирањето.

Со други зборови Јотова потврди дека дипломатијата предводена од Османи го преспала периодот, дозволила Бугарија да ги наметне своите ставови и да однесе целосна меѓународна победа. Затоа фаците на Ковачевски и на неговата екипа се скиселени, а во Бугарија ликуваат.

Уште еден удар, односно демант на лагите на Ковачевски и неговата влада доаѓа од бугарскиот политичар Илхан Ќучук. Додека нашава влада лаже дека сме отпочнале преговори, Ќучук им порачува дека преговорите нема да почнат се дури не е исполнет еден услов, клучен за Бугарија, а тоа е внесување на Бугарите во македонскиот устав.

Е токму тоа е причината поради која граѓаните гласно се противеа на ваквата рамка, затоа што за Македонија се прават лоши преседани, се наметнуваат услови надвор од Копенхашките критериуми и се наметнуваат бугарски диктати кои бесконечно ќе ги одолговлекуваат преговорите. Ваквата катастрофална позиција Ковачевски и неговата Влада ја прифати за да има фото сесија и да може да зборува за некаков имагинарен почеток на преговори.

Од истиот бугарски политичар Ќучук, кој патем е и известувач за Македонија пред една недела дојде уште еден шамар за владата на Ковачевски.

Ќучук ја демантираше владата која упорно тврди дека историските теми не се дел од преговарачката рамка. Бугарскиот политичар јасно им порача дека историјата не само што не е турната под килим, туку е дел од преговарачката рамка за Македонија, односно она кое што ВМРО-ДПМНЕ и експертите го говореа дека Комисијата ќе биде алатката на Бугарија преку која ќе се доведе Македонија или да добива ново и ново вето или да прифаќа асимилаторски диктати.

Конечно, само пред неколку дена дојде уште еден шамар и демант за владата на Ковачевски. Измеќарите од владата тврдеа дека со Протоколот се завршува потпишувањето на срамни и понижувачки обврски за Македонија, но според службениот МНР на Бугарија, Милков во Софија се работи на нов писмен документ со јасни обврски и задачи за Македонија.

Очигледно како што говори и самиот Милков во СДСМ нашле досега невиден партнер за соработка, а тоа во превод значи досега не нашле вакви бескичмењаци што се подготвени сите бугарски барања да ги прифатат за некој ден повеќе на власт и некој тендер повеќе во џеб.

Ова мора да престане. СДСМ и Ковачевски треба да се охрабрат и да прифатат соочување со народот. Народот треба да има право да каже што мисли за нивните погубни и предавнички политики. СДСМ бегаат на секој начин од своите граѓани. Може да бегаат но не може да побегнат. Казната ќе ги стаса.

Лефков: Кој ќе одговараше ако суспектниот беше позитивен на мајмунски сипаници и ја ширеше заразата, неодговорната власт веднаш да се зафати со носење протоколи

Во текот на вчерашниот ден се потврди дека во Македонија нема мајмунски сипаници, дали властите се подготвени за нова пандемија

Апелираме во најбрз можен рок оваа неодговорна власт и министерот Беким Сали, што поскоро, веднаш да донесат протоколи за пандемијата која масовно се шири низ Европа и светот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање дали власта е подготвена да се справи со нова пандемија.

Тој прашува кој ќе одговараше доколку вчера тестираниот суспектен граѓанин на Македонија беше позитивен и изминатите неколку дена ја ширеше оваа зараза?

- Среќа што е негативен, и затоа ни се потребни што поскоро протоколи од страна на здравствените власти и комисијата за заразни болести. Не смее повторно да ни се случи сценариото како со ковид пандемијата каде што Македонија е земја со најмногу починати на милион жители, каде касневме со протоколи, доцневме со вакцинација, рече Лефков.

Лефков уште еднаш упати апел до оваа неодговорна власт уште веднаш да се зафатат со работа.

  Интегрален текст од прес - конференција на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан