• среда, 25 декември 2024

Лефков: Мафијата на власт спроведува операција „евакуација на капитал“

Лефков: Мафијата на власт спроведува операција „евакуација на капитал“
Скопје, 6 септември 2021 Зоран Заев го напуштаат коалициските партнери, а дел од членството му откажува послушност. За да го спаси колку што може да се спаси Заев и мафијата ангажираат членови на подземјето да им ги врши работите на претстојните избори за да го ублажи поразот. Затоа робијаши и осудени криминалци се пуштени на слобода. Овие лица треба да заплашуваат, уценуваат и поткупуваат граѓани. Но тоа не е се. Очигледно на Заев не му е доволно што ја претворил СДСМ во приватна фирма, туку има потреба и од приватна гарда ослободени робијаши кои ќе му спроведуваат прљави работи пред и за време на изборите. Почитувани, Според наши информации кои пристигаат од теренот пред три недели во еден хотел на југоистокот на Македонија тројца високи функционери на власта од кои еден непосредно одговорен за полицијата, другиот по потекло од тој крај со прочуен  брат и третиот познат криминалец договарале ослободување на робијаши од затвор. Овој пат задачата била одбран дел од ослободените криминалци да спроведат специјална операција – „евакуација на капитал“.  Имено пред се поизвесниот пораз на претстојните избори, мафијата е во обид да ги заштити своите бизниси, а криминалците добиле насоки да им помагаат при евакуацијата на капиталот. Според информациите црни вреќи со пари излегуваат од државата со крајна цел оф шор земји, па дури се споменуваат и прекуокеански дестинации. Според информациите, операцијата „евакуација на капиталот“ е веќе во тек и ќе потрае до избори со оглед на големината на капиталот на мафијата на власт. Стравот и нервозата во СДСМ од претстојниот пораз се очигледни. Граѓаните тоа го гледаат секој ден. Може да прават се но казната од народот ќе ги стигне, а многу скоро ќе одговараат и пред ослободеното судство и тоа за секој сторен криминал. Миле Лефков, пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан