• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лефков: Додека народот живееше со 150 денари на ден, Филипче заедно со својот ментор Заев си правеше екскурзии со хеликоптер

Лефков: Додека народот живееше со 150 денари на ден, Филипче заедно со својот ментор Заев си правеше екскурзии со хеликоптер

Скопје, 10 март 2025

Додека народот живееше со 150 денари на ден, Филипче заедно со својот ментор Заев, си правеше екскурзии со хеликоптер низ Македонија.

Филипче и неговиот ментор Заев, одеа на настани со хеликоптер во Прилеп и Битола, трошеа државни пари за екскурзии и правење на ќефови.

Ќефовите кои си ги тераа криминалниот тандем Заев и Филипче, беа доказ за тоа дека немаат способност да ја водат државата. Нив ги интересираа само нивните лични интереси, односно тендерчињата и провизии, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај.

Хеликоптерот со кој летаа Заев и Филипче, можеше да се употреби и за спас на човечки животи, но наместо за спас на човечки животи, хеликоптерите на државата се користеа за еднодневните екскурзии на Заев и Филипче.

Филипче и Заев, покажаа како не треба да се води држава.

Покажаа како државата може да пропадне економски, да се иселат младите и секојдневно бевме сведоци на коруптивни скандали, кои беа приредени од тогашната власт на СДС и ДУИ.

Филипче, не може да глуми загрижен граѓанин и не може да биде новото лице на СДС, бидејќи е продолжена рака на Заев и Ковачевски, а тие веќе беа поразени. Филипче е следен!

 

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото:ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан