• среда, 25 декември 2024

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

18 ноември 2024

Владата со Буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Имено со предлог Буџетот за 2025 година кој е предложен од владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година.

Здравството и подобрување на условите во здравството се високо на агендата на владата на ВМРО-ДПМНЕ, се планираат голем број на инвестиции.

Инвестициите се насочени кон набавка на медицинска опрема за потребите на Јавните здравствени установи, изградба, реконструкција и доградба на објектите во Јавните здравствени установи. 

Владата за 2025 година планира реконструкции на следните ЈЗУ: Општа болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ - Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. 

Предвидено е да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Буџетот се планираат и средства за градежни активности и реконструкции во Здравствен дом Скопје, Kлиника за психијатрија и други установи.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики за трансформација на Македонија.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан