• четврток, 05 март 2026

Лефков: Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев

Лефков: Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев

3 март 2026

Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев. СДС на Венко Филипче и Зоран Заев му даде државјанство на човекот на Путин, Александар Онишченко, и му овозможи да тера бизниси во Македонија, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, што МИА ја пренесува интегрално.

Инаку, Онишченко бил член на проруската партија на тогашниот претседател Виктор Јанукович, своевремено и пратеник во Украина, и станува збор за човек кој е осуден на 15 години затворска казна поради перење на пари и корупција.

Кога Онишченко беше баран со меѓународна потерница од родната му Украина, кога сите држави не го примаа и не му даваа престој, нашата влада предводена од СДС го вдоми и му даде државјанство.

СДС на Филипче и Заев ја отворија вратата на рускиот бизнис и Путин, за преку Македонија да прават пари во Европа.

Филипче и Заев со ваквото доделување државјанства на руски олигарси и блиски луѓе до Владимир Путин, водеа антидржавна политика водена исклучиво од лични интереси.

Филипче и Заев ги дели само еден телефонски повик од Владимир Путин.

Тоа е таа руска игра во СДС. И кога слушаме Бела Чао, или Катјуша од Бихаќка знаеме дека некој им дошол на гости.

Игрите и комбинациите на СДС со Русија преку Македонија и институциите ја прекина ВМРО-ДПМНЕ и тoa повеќе нема да биде случај.


Линк од видео материјал: 
https://www.youtube.com/watch?v=_o9Q3Hw2Oro
https://we.tl/t-fF6yeh9xH4

 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан