• среда, 18 декември 2024

Лефков: Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има

Лефков: Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има

Скопје, 17 декември 2024

Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има.

Чистиот како солза Груби, кој првин се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал во Лотарија ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД, а пред отпочнување на кривичната постапка против него.

Дали е чист како солза или матен нека си докаже пред суд, ако има храброст да се соочи со доказите.

Осум милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главни актери се Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија.

И Груби и Бајрами се кадар на ДУИ, кои додека ја краделе државата по потреба еднаш беа зелени, па европејци, па сееја раздор за етнички тензии. Во принцип само менуваа маски за да крадат.

Пукна како меур од сапуница наративот на ДУИ дека се борат за зелени агенди или за ЕУ. Тие се бореле и се борат за да прават криминал и да ги ограбуваат граѓаните, соучесници во тој криминал им беа СДС.

Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби, ДУИ и СДС мора да има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан