• недела, 24 ноември 2024

Лефков:Пендаровски е завршена приказна на македонската политичка сцена

Лефков:Пендаровски е завршена приказна на македонската политичка сцена

Скопје, 5 март 2024

 

„Пендаровски во изминативе пет години го гледавме често како и ќе се демантира самиот себеси, или ќе го демантираше некого од власта, или ќе го демантираше некоја институција, или ќе беше демантиран од надвор. Така да ќе му стигне еден силен демант за она што го кажува и тоа на денот на изборите, го подготвува народот демантот. На Стево Пендаровски ќе му треба еден долг залет за да прејде на друго ниво“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Лефков додаде дека како може да се бара друго ниво од Пендаровски кога тој не знае да се однесува на средби дури и потсети на тоа кога се обраќаше Пендаровски со „љубави“ на Бојко Борисов. Лефков потсети и како Пендаровски имаше слики и со наркобосови и дилери.

„Овде имаме двојна ситуација, ако кажете дека не сте знаеле со кој сте сликани, ќе ве потсетам која е улогата на претседателот на државата, а тоа е безбедноста на државата. Претседателот претседава со националниот совет за безбедност. А, од друга страна ако кажете дека сте знаеле со кој се сликате тогаш имате навистина проблем со интегритетот“, укажа Лефков говорејќи за сликите на Пендаровски со наркобосовите и дилерите.

Тој посочи дека Пендаровски ништо не направи за да се спречи хаосот со патните исправи, туку дозволи власта граѓаните да ги затвори како во конзерва.

„Пендаровски не направи ниту еден обид за средба надвор за олеснување околу ситуацијата со личните документи. А, тоа се проблеми кои што ги имаат секојдневно нашите граѓани“, рече пратеникот.

„Стево Пендаровски најодговорно тврдам дека е завршена приказна на македонската политичка сцена“, нагласи Лефков. 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан