• недела, 24 ноември 2024

Лефков: Нови сознанија за „Броило“

Лефков: Нови сознанија за „Броило“
Скопје, 4 октомври 2022 Аферата Броило на Ковачевски зазема димензии од десетици милиони евра кога дезертерот Ковачевски доаѓа на позицијата премиер. Денес објавуваме нови сознанија која е основата на соларниот картел создаден преку исклучителна трговија со влијание злоупотребувајќи државни позиции и функции. Сомневањата се дека Ковачевски и кумот формирале приватна фирма за производство на фотоволтаици за да продаваат на државната ФЕЦ Осломеј. Односно, Кумот и Ковачевски формираат компанија, а државата обезбедува милионски бизнис. Еве ги чекорите кои ги направиле. 8 месеци по седнувањето на Ковачевски на премиерското столче, на 24.08.2022 година, од него основаната Пиксел груп основа фирма за изградба на фабрика за фотоволтаични панели во ТИРЗ Тетово заедно со бугарската фирма АЕ Солар Хорајзон од Софија, под името АЕ Солар АД Тетово. АЕ Солар АД Тетово, според написите во медиумите е инвестиција во висина од 54 милиони евра. Во неа уделот на фирмата основана од Ковачевски е 40%, делот кој таа според ова ќе го инвестира во фабриката е 21.6 милиони евра. За извршен член на одборот на директори е именуван кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, а за неизвршен член на одборот на директори, Мирјана Паунова, негова сопруга, кума на Ковачевски. Дури и бугарската фирма партнер на соларниот картел е формирана откако Ковачевски станува премиер во Македонија. Имено од јавно достапните податоци се гледа дека фирмата партнер на Пиксел груп основана од Ковачевски, Солар Хорајзон АД Софија е формирана на 24.03.2022 година, скоро 4 месеци откако Ковачевски е избран на премиерската позиција, и тоа се 15 илјади лева основачки капитал. Дали бугарската фирма партнер е основана практично само за партнерство со Пиксел груп основана од Ковачевски? И колку ќе ја чини ова Македонија? Како што веќе брифираа медиумите, владата треба да потпише и договор за државна помош со фирмата во која Пиксел груп, формирана од Ковачевски е 40% сопственик. Имено доколку АЕ Солар АД Тетово, добие државна помош тоа ќе значи дека премиерот Ковачевски потпишува државна помош за фирма во сопственост на фирма основана од него, а застапувана од неговиот кум. Ова не е прв пат кога фирмата основана од Ковачевски зема државна помош. Пиксел груп има 8 исплати од државата од 2019 година до 2021 година, 8 исплати од државата, а за половина од тоа време Ковачевски е заменик министер за финансии. Во овие 8 исплати исплатени се вкупно 443 илјади евра, а во периодот од 2020 до 2021 година исплати се вршени и од Фондот за иновации во вредност од 70 илјади евра, и тоа е исто така време во кое Ковачевски е заменик министер за финансии. Во дел од овие исплати Ковачевски веќе е мандатар за состав на новата Влада. Почитувани, Ковачевски е жив фатен во центарот на аферата Броило и соларен картел тежок 26 милиони евра. Тој нема повеќе легитимитет да ја извршува премиерската функција и треба веднаш да си поднесе оставка. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан