• петок, 18 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Летонија ја зајакна безбедноста на границата со Белорусија по 96 обиди за илегални преминувања

Летонија ја зајакна безбедноста на границата со Белорусија по 96 обиди за илегални преминувања

Рига, 15 август 2023 (МИА) - Граничната служба на Летонија денеска побарала помош од армијата и полицијата за да ја чуваат границата со Белорусија по 96 обиди за илегално преминување во рок од 24 часа, соопшти граничната служба.

На припадниците на Граничната служба им е скратен одморот за да можат да се вратат да патролираат по границата, се додава во соопштението.

Летонија има „информации за можно зголемување на хибридните закани“ и дека властите во Белорусија сè повеќе се вклучени во организирањето на протокот на илегални имигранти, додаде  гранична служба. ссм/

Остани поврзан