• четврток, 19 декември 2024

Летонија и Литванија побараа зајакнување на источното крило на НАТО од „Вагнеровците“ во Белорусија

Летонија и Литванија побараа зајакнување на источното крило на НАТО од  „Вагнеровците“ во Белорусија

Вилнус, 27 јуни 2023 (МИА) - Летонија и Литванија денеска апелираа до НАТО да ги зајакне нивните источни граници.

Повикот доаѓа како одговор на стравувањата дека руската приватна воена компанија „Вагнер“, позната по војната во Украина и неуспешниот бунт во Русија, наскоро ќе основа нова база во Белорусија.

Евгениј Пригожин, шеф на „Вагнер“, пристигна во Белорусија. Пристигнувањето беше договорено со посредство на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, со кој беше ставен крај на бунтот на платениците на „Вагнер“ во Русија минатата сабота. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека на борците на „Вагнер“ ќе им се понуди можност да се преселат во Белорусија.

-Мораме да го погледнеме овој потег од нов безбедносен агол. Запознаени сме со можностите на тие платеници, рече летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс за време на посетата на Париз со неговите колеги од Балтикот.

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, ја истакна брзината со која „Вагнер“ напредуваше кон Москва, возејќи стотици километри во еднодневната трка до главниот град. Според него, овој индикатор укажува дека одбраната на балтичките држави мора дополнително да се зајакне. мс/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан