• вторник, 24 декември 2024

Летонија и Естонија ја напуштија Инцијативата „16+1“ за соработка со Кина

Летонија и Естонија ја напуштија Инцијативата „16+1“ за соработка со Кина
Рига/Талин, 11 август 2022 (МИА) - Летонија и Естонија денеска се повлекоа од Иницијативата „16+1“, чија цел е зајакнување на соработката на земјите од централна и источна Европа со Кина. Одлуката доаѓа во време на отворени критики на Западот кон Кина за зголемениот воен притисок врз Тајван, држава за која Кина тврди дека е нејзина територија. „Досегашното учество во форматот 16+1 не ги даде посакуваните економски резултати“, соопшти летонското Министерство за надворешни работи. Литванија ја напушти Иницијативата уште во мај, по влошувањето на односите со Пекинг поради одлуката на Вилнус да дозволи отворање на Тајванската амбасада на нејзина територија. Од друга страна, Латвија најави дека учеството во иницијативата повеќе не е „во согласност со стратешките цели во моменталното меѓународно опкружување“. Двете земји во четвртокот истакнаа дека сакаат да продолжат да работат на „конструктивни и прагматични односи со Кина“, истовремено почитувајќи го меѓународниот систем заснован врз правила и почитување на човековите права. Во Иницијативата „16+1“ што по напуштањето на балтичките држави најверојатно ќе го смени името, уште учествуваат Хрватска, Бугарија, Чешка, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија. аб/

Остани поврзан