• среда, 25 декември 2024

Летна крводарителска акција во Велес, на првиот ден собрани 63 крвни единици

Летна крводарителска акција во Велес, на првиот ден собрани 63 крвни единици

Велес, 25 август 2024 (МИА) -  Собрани се 63 крвни единици на првиот ден од 32. Летна крводарителска акција во салата на Европска куќа на млади во центарот на Велес. Тројца од крводарителоте се нови и влегоа во Друштвото на хуманите. Акцијата ја организираат Општинската организација на Црвен крст од Велес и екипа од Инстутутот за трансфузиона медицина од Скопје, раководена  од д-р Ефтим Димитровски.

Димитровски во изјава за МИА, акцијата ја оцени како успешна.

-Одличен беше одзивот и можам да кажам дека Велес отсекогаш е познат по хуманоста, за што заслуга имаа бројните велешки крводарители кои секогаш даваат поддршка и се вклучуваат во сите наши акции за дарување на крв. Така  беше и денеска во првиот од двата дена на оваа веќе традицонална 32- по ред акција што ние ја организираме со Општинскиот Црвен крст, потенцира д-р Димитровски.

Тој порача дека крводарувањето е многу важно за подмирување на потребите на  пациентите со неопходни крвни единици во сите болници во Скопје и државата. Поосчи дека тие како Институт за трансфузиска медицина и ова лето кога многумина се на одмор секојдневно  прават големи напори да ги задоволат сите потреби за крв за сите пациенти во земјава.

Воедно потсети дека како благодарност за крводарителите за даруваната крв им се дава наградно  еден или два дена слободни од работа, во зависност од работодавачот, а по 10-то  крводарување секој крводарител добива ако му треба  бесплатно здравствено лекување, а има и други бенифиции во јавното здравство.

Акцијата за доброволно дарување продолжува и утре во Европската куќа на млади поранешно од 9 до 15 часот. Организаторите ги повикуваат велешани и утре да дојдат во голем број  и како многупати досега  да ја потврдат хуманоста на дело. ад/лв/

фото:МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан