• четврток, 19 декември 2024

Летната тераса на штипскиот Дом на млади ќе се реконструира годинава

Летната тераса на штипскиот Дом на млади ќе се реконструира годинава
Штип, 5 февруари 2022 (МИА) - Домот на млади Штип интензиво се подновува. По реконструкцијата на кровната конструкција и промената на ќерамидите, оваа установа е со санирани долгогодишни проблеми во внатрешноста. Директорот на Домот на млади - Штип, Кире Денов вели дека годинава се очекува да биде реконструирана и летната тераса со што оваа институција ќе биде со решени проблеми. Тој е задоволен од сработеното во последните десет месеци, додавајќи дека корона пандемијта и времето на рестрикции е максимално искористено за преобразба на оваа институција. - Освен реконструкција на кровот, во изминатите десетина месеци се направија доста инфраструктурни промени, меѓу кои инсталација на парното, односно поставување на грејни тела во двете сали, поставување на клима уреди во малата сала, репарирање и лакирање на подот во малата сала, се промени санитаријата во тоалетите и сличо, вели Денов. Променети се и плочките пред велезот, кои, според Денов, биле приоритет за промена, а подобрени се и техничките услови за работа. вдј/оџ/  

Остани поврзан