• недела, 24 ноември 2024

Летачката театарска трупа - Тетово два дена по ред на публиката ѝ ја раскажуваше приказната за заспаната убавица Трнорушка 

Летачката театарска трупа - Тетово два дена по ред на публиката ѝ ја раскажуваше приказната за заспаната убавица Трнорушка 
Тетово, 19 мај 2022 (МИА) - Трнорушка (Заспаната убавица), театарска претстава за мали и големи деца, изминативе денови имаше две изведби во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, премиера и реприза. Претставата беше посебно доживување за најмладите вљубеници во театарот зашто приказната беше раскажана на разбирлив и интересен начин за да допре токму до најмладите. - Многу сме среќни поради позитивниот прием кај публиката. Се потрудивме приказната да биде разбирлива за секого, но и визуелно да изгледа убаво со живописна и оригинална костимографија и сценографија, како и со соодветно осветлување и музика, изјави режисерот Владимир Јованоски. Режисерот смета дека од „Трнорушка“ (Заспаната убавица) може да се научи за позитивните и негативните човекови особини. - Ова е театарска претстава во која јасно е исцртана границата меѓу доброто и злото и вечната борба меѓу нив, претстава од која се учи дека добрината, храброста, упорноста и трпеливоста секогаш носат среќа во животот, смета Јованоски. Интересот за претставата беше многу голем. Како што велат од Летачка театарска трупа, Тетово има долгогодишна театарска традиција, а публиката е секогаш жедна за театарски и воопшто културни збиднувања. - Ќе се потрудиме оваа претстава да живее, како и повеќето претстави на Летечка театарска трупа. Би сакале да гостуваме во други театари низ земјава и да учествуваме на тетатарски фестивали, тоа ни се плановит, додава режисерот Јованоски. Театарската претстава „Трнорушка“ (Заспаната убавица) е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Од Летачка театарска трупа велат дека во моментов интензивно се подготвуваат за уште една премиера на театарска претстава на почетокот на следниот месец. ас/цр

Остани поврзан