• четврток, 26 декември 2024

Летало, најверојатно дрон, се урна во Загреб, хрватскиот министер за одбрана ќе соопшти детали

Летало, најверојатно дрон, се урна во Загреб, хрватскиот министер за одбрана ќе соопшти детали
Загреб, 11 март 2022 (МИА) – Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ во 11 часот ќе има вонредна прес-конференција откако утрово бил одржан состанок на надлежните тела од безбедносно-одбранбениот состав во Советот за национална безбедност, јавија хрватски медиуми. Како што објавија медиумите, синоќа по 23 часот во Загреб најверојатно се урнал дрон, поради што веднаш се одржал состанокот. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ потврди дека станува збор за големо летало и дека во инцидентот нема загинати. "Веќе знаете дека тоа е летало... делови од леталото се на повеќе локации. Никој не загинал и тоа е среќа во несреќа. Тоа е релативно големо летало. Времето кога се урна и локацијата каде што слетале фрагментите, тоа е неверојатно дека нема загинати. Надлежното министерство наскоро ќе се обрати до јавноста, Државното обвинителств води истрага. Засега нема информации за експлозивни елементи“, Томашевиќ. Претходно беше објавено дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило и експлодирало. Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација во поширокото подрачје на Јарун. Местото го обезбедува полицијата и во тек е истрага. Засега полицијата нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила. паг/ фото принт скрин, јутуб

Остани поврзан