Лестер може да ги одигра преостанатите домашни натпревари од сезоната на неутрален терен
- Премиерлигашот Лестер можеби ќе треба да ги одигра преостанатите домашни натпревари во лигата на неутрален терен, пренесува „Телеграф“.
Лестер, 28 јуни 2020 (МИА) – Премиерлигашот Лестер можеби ќе треба да ги одигра преостанатите домашни натпревари во лигата на неутрален терен, пренесува „Телеграф“.
Во текот на двонеделниот период, 652 нови случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани во Лестер и околината. Во моментов, британската влада одлучува за воведување локална карантин во овој регион.
Особено, движењето без добра причина може да биде забрането.
Во најлошото сценарио за „Лисиците“, тие ќе треба да ги одиграат преостанатите домашни натпревари на неутрален терен, како што е предвидено со прописите на најквалитетната фудбалска лига на Островот. зс/