• недела, 28 јули 2024

Лестер го отпушти Роџерс

Лестер го отпушти Роџерс

Лондон, 2 април 2023 (МИА) - Брендан Роџерс повеќе нема да ја извршува тренерската функција во Лестер.

 

Клубот од Лестершир денес објави раскин на договорот со 50-годишниот тренер од Северна Ирска по меѓусебен договор на страните.

 

Одлуката доаѓа откако Лестер загуби шест пати и еднаш ремизираше на последните седум натпревари.

 

Тимот со 25 бодови се наоѓа на 18. место на табелата во Премиер лигата и е во зоната за испаѓање.

 

Роџерс беше тренер на „лисиците“ од 2019 година. Во 2021 година, тој го предводеше тимот до трофеите во ФА Купот и Суперкупот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан