• сабота, 23 ноември 2024

Лесор МВП на 21. коло во АБА-лигата

Лесор МВП на 21. коло во АБА-лигата

Белград, 14 март 2023 (МИА) - Кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор е прогласен за најкорисен играч на 21. коло во регионалната АБА лига.

 

Французинот вчера го предводеше својот тим до победата со 92:81 над лутиот ривал Црвена ѕвезда.

 

Лесор за 31 минута поминати на теренот постигна 27 поени, осум скока, две асистенции, една украдена топка и постигна индекс на корисност 38.

 

По завршувањето на натпреварот Лесор физички го нападна со противничкиот кошаркар Филип Петрушев и се соочува со казна од АБА-лигата. зс/

 

Фото: АБА

Остани поврзан