• среда, 25 декември 2024

Лесните вежби пред спиење го продолжуваат и подобруваат сонот

Лесните вежби пред спиење го продолжуваат и подобруваат сонот

Лос Анџелес, 18 јyли 2024 (МИА) - Ново истражување посочува дека кратките периодични вечерни активности, во облик на лесни вежби, би можеле да го продолжат спиењето за 30 минути.

Вежбите како што се полесни чучнувања („сквотови“) и подигање на телото може да резултираат со подобар сон и потенцијално да ја намалат можноста за дијабетес и срцеви заболувања кај постарите возрасни лица, покажува истражувањето. И претходни испитувања прикажаа дека продолженото седење буден навечер и недоволното спиење се поврзани со зголемена опасност од најчестите заболувања коишто може да значат и смрт.

Околу 30 учесници во новото истражување имаа за задача: едната група - да прават четиричасовни вечерни „сесии“ со продолжено седење и втората група - седење со триминутни вежби на секои половина час.

Вежбите вклучуваа чучнувања, тежина врз листовите и колената, стоечки вежби итн. Одговорната за испитувањето, Мередит Педи изјави дека овие едноставни вежби се избрани затоа што не бараат никаква опрема, ниту многу простор, а може да се прават и при гледање ТВ. Така, истражувањата откриле дека кај испитаниците кои правеле вежби, се јавува одликата на 30 минути подолго спиење и се посочува дека сличен позитивен ефект се добива и од „марширање во место“ или едноставно одење низ куќата...

- Па, дури и малку танцување може да помогне во таа насока. Најважно е редовно да станувате од столот и да го движите телото, советува д-р Педи.

Сепак, не се препорачуваат интензивни физички вежби пред спиење. Тоа ја зголемува телесната температура и отчукувањата на срцето, што води кон лош сон.  си/паг/

Фото: Фрипик

Остани поврзан