• среда, 25 декември 2024

Леонардо го бара Алегри во ПСЖ

Леонардо го бара Алегри во ПСЖ
Париз, 12 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри е причина за несогласување меѓу лидерите на Пари Сен Жермен, пишува „Екип“. Според публикацијата, спортскиот директор Леонардо во лицето на италијанскиот стручњак гледа идеален иден тренер на тимот. Сепак, сопственикот на клубот, Насер Ал-Хелаифи не го споделил своето мислење и продолжува да има доверба во Томас Тухел, кој во моментов е шеф на францускиот шампион. Германецот има договор со парижаните до летото 2021 година, и има намера да го исполни. Така, Алегри, кој исто така беше поврзан со Манчестер Јунајтед и Арсенал, можеби ќе треба да го продолжи одморот откако го напушти Јувентус пред една година.

Тагови

Остани поврзан