• сабота, 27 јули 2024

Лени Јоро е ново засилување на Манчестер Јунајтед

Лени Јоро е ново засилување на Манчестер Јунајтед

Манчестер, 18 јули 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница го потврди привлекувањето на дефанзивецот Лени Јоро.

Зделката е во вредност од 58,7 милиони фунти, според „Мирор“.

Францускиот дефанзивец потпиша петгодишен договор до јуни 2029 година, со опција за продолжување на уште една година.

Јунајтед ќе плати првична сума од 52 милиони фунти, со дополнителни 6,7 милиони фунти потенцијално додадени во бонуси. дс

Фото: Фејсбук/Манчестер Јунајтед

Остани поврзан