• среда, 27 ноември 2024

Ленард го пропушта стартот на сезоната во НБА поради повреда на коленото

Ленард го пропушта стартот на сезоната во НБА поради повреда на коленото

Лос Анџелес, 15 октомври 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард би можел да го пропушти почетокот на сезоната во НБА поради повреда на десното колено, објавија американските медиуми.

-Ленард ќе продолжи да закрепнува, објасни главниот тренер Тајрон Лу.

Сопственикот на шампионски прстен од 2014 година со Сан Антонио и 2019 година со Торонто ги одигра само вториот и третиот натпревар во првото коло од плејофот минатата пролет, а Клиперси загубија со 2-4 од Далас.

Во лигашкиот дел од минатата сезона, 33-годишникот стартуваше на 68 натпревари. Тој оваа година по шести пат беше повикан на Ол-стар натпреварот.

Клубот од Лос Анџелес првиот натпревар сезонава ќе го одигра на 23 октомври против Санс во Феникс. дс

Фото: Архива

Остани поврзан