• среда, 25 декември 2024

Лекции од 7 октомври - победата над Хамас и над иранската оска е вистинскиот мировен план

Лекции од 7 октомври - победата над Хамас и над иранската оска е вистинскиот мировен план

8 октомври 2024

Волстрит журнал 

 Масакрот што го изврши Хамас на 7 октомври минатата година беше катастрофа за Израелците, но една година подоцна му ги покажа на Западот заборавените лекции за одвраќање, политичка волја и илузиите за еден либерален и свет во мир, се вели во уреднички коментар на Волстрит журнал.
Весникот порачува дека победата над Хамас и над иранската оска е вистинскиот мировен план
Нападот на 7 октомври го изненади Израел, а еврејската држава ја призна својата грешка со потценувањето на своите непријатели. Одговорот што го дава оттогаш е непобитен аргумент за потребата од воена подготвеност, и тоа не само за Израел.

Светот никогаш не треба да ги заборави видеата од злосторствата на Хамас. Терористите снимаа и ги пуштаа во живо додека масакрираа беспомошни. Убија околу 1.200 луѓе и зедоа 251 заложници, од кои 101 сѐ уште се во заробеништво, ако сѐ уште се живи.

Хамас се гордее со овој акт и по можност би го повторил. Како што изјави за либанската телевизија Гази Хамад, член на политбирото на Хамас, терористичката група би сакала да го повтори 7 октомври “повторно и повторно.” Според него, бидејќи Палестинците се жртви на Израел, “никој не треба да нè обвинува за тоа што го направивме. На 7 октомври, на 10 октомври, на милионитиот октомври, сѐ што правиме е оправдано.”
Друго непријатно изненадување е поддршката што аргументот на Хамас ја има на Западот, особено кај елитните универзитетски кампуси. Интелектуалниот аргумент за убиствен терор, напишан постколонијалниот мислител Франц Фанон и предаван без резерва две генерации, ги затру младите против својата сопствена цивилизација. Движењето Студенти за правда во Палестина го нарече 7 октомври “историска победа за палестинскиот отпор,” а антисемитизмот беше толериран од универзитетските претседатели како слободен говор.

Ова е шокантно сознание, особено затоа што овој став почна наголемо да влијае во Демократската партија. Претседателот Бајден и потпретседателката Камала Харис се почувствуваа обврзани да го прекорат Израел за одговорот на масакрот исто како и Хамас за криењето зад невини деца.
Израел продолжи да се бори и покрај меѓународните критики, кои ја потценија поддршката на израелската јавност за моќен воен одговор. Израел покажа повеќе политичка одлучност и воена сила отколку што очекуваа неговите непријатели.

Одговорот на почитуваниот либерализам беше повик за деескалација, прекин на огнот и решението две држави, и да се обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кога тие нема да се маетрјализираат. Хамас, Хезболах и нивниот покровител во Иран се чини како да ги нема. Хамас одби да работи со медијатори со недели, додека палестинска држава во мир со Израел никогаш не била нивна и цел на Иран. Тие сакаат Израел да биде уништен и Евреите да бидат протерани или убиени.
Сѐ додека Иран бара војна, Израел мора агресивно да се брани за да опстане. Бајден го поддржа Израел, но исто така се обиде да скрати во неговата одбрана. Задржа оружје наменето за Израел додека Хамас владееше со Рафах и неговите бригади ги контролираа каналите за шверц од Египет во Газа.

Во меѓувреме, Хезболах пукаше врз Израел 11 месеци. По една недела на израелски успех, господинот Бајден токму тогаш повика на прекин на огнот. Но, како може да има мир ако Хезболах останува вкоренет во јужен Либан? Дури и ако дипломатијата го врати регионот во статус квото пред 6 октомври, тоа би подготвило почва за нов 7 октомври.

Францускиот претседател Емануел Макрон сега повикува на ембарго за оружје за Израел. Шарл де Гол го отсече Израел три дена пред војната со Арапите во 1967 година. Стара илузија е дека разоружувањето на Израел ќе купи мир од фанатиците кои го напаѓаат.

Сѐ додека Западот ги врзува рацете на Израел но одбива да го одврати Иран, на Блиски исток ќе се шират пламени. Најдобрата опција за Израел е да ја деградира способностите на иранската оска и да ги поништи нејзините безбедни прибежишта. Израел ќе има поголеми шанси за траен прекин на огнот кога неговите непријатели ќе знаат дека ако нападнат ќе страдаат повеќе од самиот Израел.

Израел направи значителен напредок во таа насока ослабувајќи ги иранските прокси сили и доведувајќи ги во ризик неговите воени и нуклеарни капацитети. Но, Иран останува центар на блискоисточните безредија, и прави сојуз со Русија и Кина. Наклонед е да развие нуклеарно оружје, а 7 октомври покажува каде води нуклеарен Иран. Единствениот пат до прекин на огнот и поширок мир на Блискиот исток, е победа на Израел над Иран и неговата терористичка мрежа.

Што се однесува до САД, 7 октомври е потсетник дека Американците не можат да се повлечат од Блискиот исток и да претпостават дека можеме да ја избегнеме напаста. Иран е склон кон уништување на Америка исто како и на Израел. Еврејската држава е првата линија на одбрана на Западот, и не смееме да дозволиме да изгуби. кб/

Остани поврзан